Скопје, 1. јуни 2015- Движењето за поддршка на креативноста - Иво Лауренчиќ – „Браво сине“, чија цел е поттикнување и поддршка на талентот и креативноста кај младите во функција на брендирање и креативна визуелизација на автентични национални вредности го иницира својот втор циклус активности.
По минатогодишниот успешено реализиран проект за креирање на „Слатко со идентитет“, при што се работеше на брендирање на седум видови на слатко од домашната компанија „Јоми фуд“ од Велес, оваа година Движењето ќе даде поттик креативниот потенцијал на младите дизајнери - илустратори да се фокусира на визуелизација на „Народни бајки од Македонија“.
Причината за избор на ваков тип на проект произлегува од јавниот интерес за приближување на македонското народно творештво кон децата од предшколска возраст, поттикнување на креативниот потенцијал за визуелизација на наши автентични бајки, креирање на автентични ликови од културното наследство на нашето поднебје и поттикнување на иницијатива за понатамошни активности на ова поле, кое е од големо значење за зачувување и негување на националната вредност, особено во услови на глобализација.
Движењето за поддршка на креативноста - Иво Лауренчиќ обезбеди награден фонд од 200.000 денари за првонаградената илустрација и откуп на авторските права.
Превземте го целосниот документ тука.
За повеќе информации: тел. (02) 3290 486; e-mail: ivo.laurencic@bravosine.mk