Македонско слатко со идентитет

Проект за брендирање на автентични национални производи

ОТВОРЕН ПОВИК

За пријава на креативни решенија за брендирање на слатко од домашно производство, од асортиманот на производителот Јоми Фуд Велес, со портфолио од седум видови на слатко: аронија, вишна, јагода, портокал, зелена смоква, малина, дива капина, во рамки на Конкурсот што го организира Здружението на граѓани - Движење за поддршка на креативноста ИВО ЛАУРЕНЧИЌ Скопје – “Браво Сине!“. Наградниот фонд за избраното креативно решение е во висина од 200.000,00 денари и се исплатува најдоцна еден месец по јавното прогласување на победникот.

Наградата ја обезбедува Здружението на граѓани - Движење за поддршка на креативноста ИВО ЛАУРЕНЧИЌ Скопје – “Браво Сине!“, а проектот за брендирање на национални производи се спроведува во соработка со Skopje Design Week (SDW).

Сите пријави испратени на интернет адресата Ivo.laurencic@bravosine.mk до 01 септември 2014 година се сметаат за примени од моментот кога ќе им биде доделена шифра од страна на администраторот. Пристигнатите решенија ќе ги разгледува жири комисија составена од претставници на Движењето за поддршка на креативноста ИВО ЛАУРЕНЧИЌ Скопје – “Браво Сине!“ и Skopje Design Week (SDW) под шифрираниот редослед. Во финалната фаза на избор ќе биде вклучен и претставник на производителот.

Правила за учество

Секој пријавен кандидат треба да е државјанин на Република Македонија, на возраст до 28 години и со поднесувањето на пријавата се смета дека ги прифаќа следниве услови за учество:

Насоки за изработка на предлозите:

Информации за компанијата и производите:

Јоми Фуд е компанија формирана со домашен капитал, основана во 2007 година. Производствениот асортиман на компанијата го сочинуваат ајвар и лутеница, пастеризирани производи од зелка и различни видови слатко.

Слатката на Јоми Фуд се претежно присутни на домашниот пазар (околу 80% од производството), додека помал дел од производството (околу 20%) се пласира на странски пазари. Суровините за производство на слатката се од домашно потекло (аронија, вишна, зелена смоква, малина, јагода, дива капина), со исклучок на суровината за производство на слатко од портокал.

Слатката се пакуваат во стаклени тегли од 900 грама, 700 грама, 450 грама и 250 грама. Малопродажните цени на слатката од 450 грама се движат од 100 до 115,00 денари, а на оние од 250 грама, од 70-80,00 денари.

Производите се наменети за различни генерации, со посебен акцент за доближување на слаткото до помладата популација.

Дополнителни информации за компанијата и производите се достапни на следната интернет страница www.jomifood.com.mk.

Елементи кои треба да бидат аплицирани на предложените решенија за осмислување на изгледот на амбалажата - етикети:

Насоки за работа:

Дизајнерска задача

Задолжителни елементи:

Опционални елементи:

Технички спецификации

Етикета:

Поклопец:

Ексклузивно пакување:

Постер:

Постоечки амбалажи

Насоки за доставување на предлозите

Преземете материјали ↓

Најдобри желби во тегла слатко!

Сѐ уште има генераци кои го паметат ритуалот на дочекување гости, што беше задолжително не толку одамна. Овој стар обичај како знак на социјална иницијација, знак за добредојде и на најслатки желби се викаше - слатко! Само кај нас и на јазиците од нашето опкружување слаткото означува преработка на некое овошје наменето за ритуалот на гостопримство, добредојде, убави желби, надеж за добар разговор, опуштеност и разбирање. Симболично посакување само убави нешта. На другите јазици тоа е џем, конфитур, или има некое специјално име.

Слаткото во тие и не толку дамнешни времиња, не беше никаков луксузен манир, туку нешто што се подразбира, дел од начинот на живот. Ниту една граѓанска куќа која држеше до себе не можеше ни да замисли дека дома во секое време на денот и ноќта нема да има слатко за да се пречека гостинот. Слатко и кафе, евентуално, но кафето и не толку задолжително, зашто во тоа време се пиеше мешано со некоја цикорија наут, најчесто и не беше атракција само по себе. “Повелете на слатко и кафе”, тоа беше замена за денешните “чашка пијалок”, “чашка муабет”, “ајде на кафе”.

Ако кафето можеше да биде и мешано со наут, слаткото не поднесуваше забошотување. Шеќердисано?! Тоа беше трагедија!

Симболиката на слаткото не е случајна. Со слаткото се пожелуваше добредојде, во него беа содржани сите тогашни поими за благосостојба и убав живот. Не се прашуваше: “Сакате ли?” , а се служеше веднаш по доаѓањето.

“На здравје!” То се случуваше во моментот кога после слаткото се испиваше студената вода, знак дека ритуалот финиширал. Следеа пофалбите: “Значи домаќинке (госпоѓо, снао, невесто, кумо, комшивке...) слаткото и овој пат ти е извонредно, многу успешно, погодено...” Скромното оправдување беше во смисла на тоа дека оваа година црешите, вишните или сливите биле одлични, се погодиле... Не стануваше збор за тоа дека домаќинката можеби и не го направила слаткото, дека го направил некој друг, но етикецијата налагаше играта да се игра по сите тогаш важечки правила.

Не секој може да го разбере овој ритуал. Слатка од јагода, вишна, цреша, кајсија, праска, кора од лубеница, кора од портокал, кора од лимон, од мали зелени смокви, од зрели смокви, од зелени ореви, дуња, малина, капина, рибизла, од црвена и од црна дудинка, од роза и каранфилче, од мали долгнавести домати, сѐ до едно одличен десерт. А можноста за комбинации и вкусови е исклучително голема. На пример, од слива, тиква, грозје и сѐ тоа заедно потопено во гроздовиот сируп наречен - маџун. Слаткото е природен и вкусен десерт кој се подготвува од плодови со домашно потекло.

Денеска овој обичај е исчезнат, скоро целосно. Токму затоа Идејата на Движењето за поддршка на креативноста –Иво Лауренчиќ – „Браво Сине” е да ја возобнови оваа традиција на конзумирање на слатко, но на еден нов модерен и свеж начин. Главната идеја е симболиката на слаткото во нашата традиција која симболизираше гостопримство и најдобри желби за гостинот, да се врати кај новите генерации преку конзумирање на слаткото во различни пригоди. Особено во кафулињата и рестораните, но и во рецептурата на разни популарни јадења како на пример палачинки, сладолед и други десерти.

Спојот на традицијата, културолошките одлики и модерниот начин на живот е главниот предизвик на овој проект. Денеска слаткото најмногу го произведуваат компании кои го подготвуваат овој деликатесен производ по домашни традиционални рецепти. Поради модерниот начин на живот сѐ помалку во домовите се подготвува слатко. Но, токму тоа што може да се купи квалитетно слатко со ист вкус како што го правеле нашите баби, е дополнителна причина повеќе да го вклучиме во нашите секојдневни животи. На кафе со слатко во кафуле и ресторан! Слатко како подарок за најсреќните мигови на нашите најмили! На десерт со слатко или вкусен колач со слатко!

Aплицирајте тука

 Максимум големина на документ: 5MB

Прикачете апликација